Поддршка и помош за плаќање на сметките

Дали имате тешкотии да ја платите сметката за вода? Ние нудиме низа опции за плаќање и поддршка.

Планови за плаќање

Нудиме низа флексибилни и приспособени решенија, за да ви помогнеме да ја платите сметката за вода, без оглед на вашите околности.

Еднократно продолжување на рокот за плаќање: кога во животот ќе се појават ненадејни предизвици.

Распоредување на уплатите (Bill smoothing): сметката поделете ја на рати што ќе ги плаќате редовно: еднаш неделно, еднаш месечно или еднаш на две недели. Плаќајте лично или со директна уплата (direct debit) од вашата банковна сметка.

Centrepay: ако добивате исплата од Centrelink, сметките за комуналии може да ги плаќате автоматски.

Програми на поддршка

Разбираме дека секој од нас може некогаш да има финансиски тешкотии. Нудиме низа програми за поддршка на потрошувачите и можеме некоја од опциите да приспособиме на вашите потреби. Користењето на овие услуги не се наплатува.

‘Организирај и заштеди’ (‘Arrange and save’): ако имате неплатена сметка, оваа програма може да ви помогне да се вратите на редовно плаќање. Како награда, ако пет рати уплатите навреме и во целосен износ, ние ќе ја покриеме шесттата како поттик.

Дотација за комуналии (Utility relief grant): ова е програма на Викториската влада за помош околу сметките за струја, гас или вода кои останале неплатени поради привремена финансиска криза. Ако ги исполнувате условите, може секои две години да добиете до 650 долари за вашите сметки за комуналии.

Висока сметка поради губење вода што не може да се открие? Дали сте добиле невообичаено висока сметка за вода? Ако е тоа поради губење на вода за кое не сте можеле да знаете, можеби имате право на еднократен додаток што ќе ви помогне да ја платите зголемената сметка.

Медицински состојби и машини за одржување на живот: Ако имате медицинска состојба поради која е потребна голема потрошувачка на вода (на пример, за капење или перење алишта), може да имате право на попуст. Ако користите машина за хемодијализа и имате карта за попуст, имате право на државен попуст плус натамошни 50% попуст на цената за количество на вода (water volume charges).

Поддршка на потрошувачи кои се изложени на семејно насилство

Нашите вработени се обучени да препознаваат и реагираат на сложени прашања во врска со семејното насилство.

Тоа вклучува највисок степен на почитување на вашата приватност и доверливост, и пристап до специјализирани мрежи за поддршка.

Врски со советници

Низа локални организации даваат бесплатни финансиски совети. Може да ве поврземе со нив ако ви се потребни дополнителна поддршка и совети.

Исто така, ако тие организации ве упатат кај нас, ќе соработуваме да добиете поддршка на која имате право.

Сметката изгледа повисока од обично?

Повеќе време минуваме дома, што значи дека можеби користиме повеќе вода.

Дополнителни литри во текот на неколку месеци лесно можат да ја зголемат сметката за вода.

Потрошувачи во деловни простории

Нудиме низа флексибилни и приспособени решенија за да ви помогнеме да ја платите сметката за вода на вашата фирма.

Исто така може да дадеме совети како вашиот бизнис поефикасно да ја користи водата или како да го спречите губењето на вода - сето тоа може да ги намали вашите идните сметки.


Јавете се - тука сме да помогнеме

Ако имате тешкотии да ја платите сметката или едноставно сакате да дознаете повеќе за нашите опции за потрошувачите кои се соочуваат со финансиски тешкотии, јавете се - тука сме да помогнеме.

Ќе ве поврземе со специјалист кој на вашите прашања ќе одговори брзо, со разбирање и во доверба.

Љубезниот персонал на нашиот центар за контакти со потрошувачите, лоциран во Џилонг, е на располагање во работни денови од 8 наутро до 6 попладне на 1300 656 007.

Ние даваме бесплатни преведувачки услуги. Јавете се на Службата за преведување (Translating and Interpreter Service - TIS) на 13 14 50 за помош.